
Владата на САД планира да инвестира околу 3,5 милијарди долари во корпорацијата Интел, поточно во производството на полупроводници и други високотехнолошки компоненти за воената индустрија.
Оваа информација ја пренесе Блумберг, повикувајќи се на анонимни извори во американскиот Конгрес.
Вашингтон ќе инвестира во Интел како дел од новата рунда финансирање на американската високотехнолошка индустрија.
Нацртот на овие инвестиции моментално се разгледува во американскиот Конгрес, а извори наведуваат дека американската влада ќе ги додели парите на Интел во рок од три години.
Компаниите Global Foundries и американската филијала на британската фирма BAE Systems претходно добија 1,5 милијарди долари од Вашингтон за развој на воена технологија.











