Кој колку должи – УЈП ја објави најновата Листа на должници

Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници бр.03/2024 за долгови доспеани до 30.11.2023 и неплатени до 29.02.2024 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е:

  1. повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и
  2. повисок од 300.000 денари за правните лица.
    На Листата на должници бр.03/2024 објавени се 1801 должници – правни лица (помалку за 71 од претходната листа) и 3606 физички лица (помалку за 21 од претходната листа).
    Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.03/2024 изнесува 9.829.008.706 денари, (помалку за 516.849.267 денари од претходната листа). Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 9.627.319.566денари, (помалку за 513.855.269 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 201.689.140 денари (помалку за 2.993.998 денари од претходната листа).