Европските берзански индекси се во пораст, цената на златото падна

Денеска европските берзански индекси се во најголем дел во пораст, како и цената на нафтата, а во исто време е забележан и пад на цената на златото.
Американското биро за статистика на трудот  денеска ќе ги објави податоците за февруарската инфлација во САД, а оваа вест сигурно ќе влијае на одлуката на американската централна банка ФЕД за каматните стапки, јавува CNBC.

Индексот DAX на франкфуртската берза денеска во 9 часот порасна на 17.817,55 поени, лондонски FTSE 100 на 7.741,75 поени, францускиот CAC 40 на 8.040, 27 поени, додека московскиот MOEX падна на 3.310,26 поени.

Според податоците на берзата, цената на суровата нафта се искачи на 78.496 долари, а на нафтата од типот „брент“ на 82.884 долари.

На отворањето на берзата ТТФ европските фјучерси на гас се продаваа по цена од 24,9 евра за мегават-час.

Цената на златото падна на 2.176,99 долари за унца (унца е еднаква на 28,35 грама), а цената на пченицата падна на 5,3280 долари за бушел (бушел е 27,216 кг).

Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,09317, што е приближно исто како и во понеделникот.