Цената на бананите ќе расте

Бананите ќе поскапат бидејќи глобалните температури се зголемуваат поради климатските промени, соопштено е на Светскиот форум за банана во Рим.

Форумот беше организиран со цел експертите да се справат со проблемите со кои се соочуваат одгледувачите на ова овошје, чиј недостиг се чувствува во Велика Британија, јавува Би-Би-Си.

Снабдувањето со банани може да се справи со краткорочните временски настани, но експертите предупредуваат на растечките закани од глобалното затоплување и болестите што тоа предизвикува побрзо да се шират.

Како што беше речено, најмногу главоболка предизвикува габичната инфекција на бананите, кои од Австралија и Азија се преселиле во Африка и Јужна Америка, а која најмногу ја шират поплавите и силните ветрови.

„Доколку не дојде до големо зголемување на понудата, предвидувам дека цените на бананите ќе останат релативно високи во годините што доаѓаат“, рече економистот на Светскиот форум за банана, Паскал Лиу.