Електричниот кинески суперавтомобил Aion Hyper SSR го забележа своето европско деби во Италија во GAC Advanced Design Milan
Не се само европските производители на масовни автомобили кои треба да бидат загрижени за претстојната кинеска инвазија на електрични возила. Заедницата на суперавтомобили на континентот е исто така под закана, а таа закана штотуку стана поопиплива со европското деби на Hyper SSR на Aion во Италија.
SSR беше претставен за прв пат на континентот во објектот на матичната компанија CAG Advanced Design Milan во Италија овој месец. И иако нема индикации дека ќе се продава во Европа, шефовите на Ferrari, Porsche, Lamborghini и Rimac не треба да се залажуваат дека автомобилите како SSR немаат амбиции да најдат купувачи надвор од границите на Кина во наредните години.
SSR беше првично претставен во Кина минатата година. Егзотиката со карбонска каросерија е долга 4.538 милиметри и висока 1.238 мм. Произведува 1.225 КС благодарение на погонот составен од три електромотори. GAC тврди дека неговиот електричен суеправтомобил може да забрза од место до 100 км/ч за 1,9 секунди, што го прави да е речиси подеднакво брз како Nevera (1,8 секунди). Максималната брзина на Aion Hyper SSR изнесува „само“ 250 км/ч, додека Rimac достигнува до 412 км/ч.
Сепак, Aion Hyper SSR чини една десетина (233 илјади долари) од Nevera (2 милиони евра) во конфигурација на Ultimate Track и само 178 илјади долари во почетна форма.
Во согласност со ингеренциите за нулта емисија на гасови на автомобилот, GAC вели дека внатрешноста на Aion Hyper SSR е направена од одржливи материјали и не содржи производи од животинско потекло. Како и кај Ferrari, нема прекинувачи поставени зад воланот кој има форма на шестоаголник, лесните седишта даваат голема поддршка без губење на секојдневната удобност, а има и многу дигитална технологија, како што може и да се очекува. Возачот се соочува со 8,8-инчен виртуелен инструмент кластер кој е поврзан со втор 14,6-инчен дисплеј на конзолата.
Градски автомобили за 2044 година
Покрај дебитирањето на Hyper SSR во Милано, GAC ја откри Car Culture Series 3.0, збир од три концептни автомобили од кои секој има различен поглед на иднината на урбаната мобилност. City Pod, утилитарното комбе за транспорт City Box и спортското купе City Run, изгледаат многу поразлично еден од друг, но сите се осмислени околу истиот модуларен електричен погон што ги пакува погонскиот мотор и батеријата во една единица. GAC вели дека поставувањето овозможува брзи замени на погонската единица, го минимизира времето на одржување и ја зголемува ефикасноста и перформансите.
Преземено од Avtoplus.mk