Renault го претстави целосно новиот модел во гамата наречен Symbioz кој доаѓа како своевидна хибридна алтернатива на електричниот Scenic
Renault се враќа на своите практични корени со целосно новиот модел во својата гама Symbioz, кросовер со големина на Nissan Qashqai за која компанијата вели дека потсетува на пространите, разновидни модели како Renault 16 и оригиналните Scenic и Espace. Како што истакнуваат од Renault, Symbioz е сестрано возило кое ги вклучува најдобрите технологии од сегментот C на Renault, нудејќи компактност и просторност за да ги задоволи потребите на сите.
Од она што може да се забележи кога станува збор за самиот модел Symbioz е привлечен и целосно конвенционален SUV од C-сегментот со импресивно голем товарен простор.
Она што вреди да се истакне е дека единствениот погонски агрегат на новиот Symbioz при лансирањето е целосно хибриден погон каде главната улога ја 1,6-литарскиот бензински мотор кој сам произведува 95 КС, а во комбинација со главниот електричен мотор од 53 КС и стартер генераторот од 25 КС се обезбедуваат вкупно 145 КС кои се пренесеуваат до предните тркала преку автоматски менувач. Интересно, менувачот има четири степени за бензинскиот мотор и два за електромоторот.
Symbioz со својата должина од 4.413 милиметри се сместува помеѓу постоечките модели на марката – помалиот Captur и поголемиот Austral – и вози на истата CMF-B платформа што ја користат Captur и Clio. Од Renault особено гордо го истакнуваат фактот што адаптивниот модел и покрај своите димензии, благодарение на иновативноста, може да пренесе и до седум лица. Има јасна визуелна врска помеѓу Symbioz и Captur кога станува збор за дизајнот на предницата, но кога станува збор за остатокот од моделот, дизајнот е посилен и поаголен.
Лизгачката задна клупа го зголемува товарниот простор од 492 литри на импресивни 624, а Renault вели дека има 24,7 литри простор за складирање во кабината , вклучувајќи масивни 7 литри во совозачката кутија.
Ентериер
Купувачите на Symbioz можат да го изберат истиот затемнувачки стаклен покрив Solarbay кој веќе се наоѓа кај Scenic E-Tech, и благодарение на недостатокот на конвенционална ролетна го подобрува просторот за главата за 30 милиметри. Се затемнува или со притискање на прекинувач или со гласовна команда, со користење на стандардната технологија на Google Assistant вградена во вертикалниот екран на допир од 10,4 инчи.
Со оглед на посветеноста на Renault за безбедност во изминатите 25 години, не е изненадување да се дознае дека Symbioz е преполн со безбедносни софтверски системи, исто така. Поточно, има вкупно 24 такви системи, при што возачите на Symbioz можат да ги зачуваат своите преференци и да го користат My Safety Switch за да деактивираат до шест од ADAS функциите со едно притискање на копче.
Нарачките за Symbioz ќе бидат отворени во јули и Renault ќе ги објави цените непосредно пред лансирањето на пазарот.
Преземено од Avtoplus.mk