TUI најави инвестиции во хрватскиот туризам

49

Croatia; DubrovnikЕден од најголемите светски туроператори TUI UK, заинтересиран е за инвестирање во хрватскиот туризам, за зголемување на бројот на британски туристи во оваа земја, но и за сместувачки капацитети, меѓу кои и за комплексот Купари кај Дубровник, за кој уште овој месец треба да биде распишан тендер за продажба и обнова.

Ова го изјави хрватскиот министер за туризам Дарко Лоренцин, по состанокот со претставници на TUI на светската туристичка берза WTM во Лондон, пренесуваат хрватските медиуми.

“Британскиот пазар за нас е многу важен. Оваа година бележиме раст на пристигнувања и ноќевања за 25%. Разговаравме со низа туроператори и сите најавуваат нови каталози за Хрватска. На нас останува да го капитализираме постоечкиот и растечки интерес за нашата земја, затоа што Хрватска дефинитивно има причина повеќе зошто туристите би ја одбрале во однос на конкуренцијата”, нагласува Лоренцин.

Освен за Купари, претставниците на TUI покажале интерес за уште една локација за изградба на хотел во Истра, но и за зголемување на бројот на летови кон Сплит во 2014 година.