Настел продаде 5 акции од Реплек

63

Компанијата Настел ДООЕЛ, акционер со над 5% во фармацевтската компанија Реплек АД Скопје продаде 5 акции пред поделба на акциите.

Согласно Глава 6 од Правилата за котација, известуваме за следната ценовно чувствителна информација:

Постапувајќи согласно член 38 од Правилата за котација на Македонска берза АД Скопје, Реплек АД Скопје објавува

Акционер со над 5% односно компанијата Настел ДООЕЛ продаде 5 акции (пред поделба на акциите), со што после поделба на акциите поседува вкупно 24.270 или 9,36% од вкупниот број на акции.

Инакуна ден 15.07.2024 година, Берзата изврши бришење на издавачот Реплек АД Скопје од Листата за набљудување што се објавува на веб страница на Берзата, поради тоа што е завршена постапката за поделба на обичните акции и намалување на номиналниот износ на акциите и за измена и дополнување на Статутот на друштвото.

Реплек АД Скопје беше внесено на Листата на набљудување на 07.05.2024 година, согласно 61-а од Правилата за котација, поради усвоените одлуки за поделба на обичните акции и намалување на номиналниот износ на акциите и за измена и дополнување на Статутот на друштвото, донесени од Собранието на акционери на друштвото одржано на 25.04.2024 година, а до престанување на постоењето на предметните околности, односно до спроведување на промените назначени во одлуките.