KFC го затвори и последниот ресторан во Сирија

39

sirija kfcАмериканскиот ланец ресторани за брза храна KFC го затвори својот последен ресторан во Сирија поради економски проблеми и тешкотии во набавката на пилешко месо. Ресторанот во богатиот дел на Дамаск е еден од последните седум ресторани во Сирија што ги затворија вратите.

KFC мораше да ја напушти земјата поради тоа што повеќе не можеше да ги набавува потребните количини пилешко месо за своите оброци. Поради граѓанската војна која започна 2011 година, производството на живина во Сирија е намалено за повеќе од половина. Кога локалните фарми веќе не можеа да ги задоволат потребите за пилешко месо, KFC одлучи да увезува кокошки од Либан. Но, насилство на патиштата и цените на горивото кои постојано растат го направија увозот невозможен.

Првиот ресторан на KFC во Сирија е отворен во 2006 година во Дамаск. Во регионот на Блискиот Исток, каде што пилешките оброци се многу популарни, KFC има 450 ресторани во 12 земји, како Египет, Јордан и Либан. Оваа година во Обединетите Арапски Емирати KFC ќе го отвори својот 100-ти ресторан.