На Волстрит, S&P 500 и Nasdaq индексот вчера ги забележаа своите најголеми дневни добивки од 22 февруари, поддржани од скокот на цените на акциите на производителите на чипови и сигналите од ФЕД дека може да ги намали каматните стапки во септември доколку инфлацијата се ублажи. Индексот Дау Џонс порасна за 0,24 отсто на 40.842 поени. Истовремено, индексот S&P 500 скокна за 1,58 отсто, на 5.522 поени, а Nasdaq за 2,64 отсто, на 17.599 поени.
Во месец јули, S&P 500 порасна за 1,1 отсто, Nasdaq за 0,8 отсто, додека Dow Jones порасна за 4,4 отсто. Вчера, по дводневен состанок, ФЕД објави дека ги оставила каматните стапки на нивното сегашно ниво, во опсег меѓу 5,25 и 5,5 отсто, но ја отвори вратата за олабавување на монетарната политика на состанокот во септември, седум недели пред Претседателските избори во САД, кои се одржуваат во ноември.
„Тоа беше најлошо чуваната тајна на планетата“
Сигнализирањето на намалувањето на каматните стапки влијаеше на падот на приносот на 10-годишните државни записи на САД од 9,8 на 4.043 отсто.
„Најлошо чуваната тајна на планетата е дека ФЕД нема да ги намали каматните стапки во јули. Банката на федерални резерви ќе го има својот голем ден во септември кога ќе ги намали каматните стапки за 25 или 50 базични поени, но јас нема да бидам изненаден ако тоа е веќе вклучено во цената на акциите.
За време на прес-конференцијата, претседателот на ФЕД Џером Пауел рече дека креаторите на монетарната политика разговарале за намалување на каматните стапки, но дека „огромното мнозинство“ смета дека сега не е добар момент. „Само изјавата на Пауел не ја мрдна иглата, но слушајќи го како зборува, беше јасно дека заклучија дека ќе испорачаат намалување на каматните стапки во септември“, рече Марк Малек од Зиберт Некст.
Акциите на Nvidia скокнаа за речиси 13%
Најголем добитник беа акциите на Nvidia, со скок на цената од речиси 13 отсто, поддржан од оптимистичката прогноза за продажба во 2024 година за чиповите потребни за вештачка интелигенција од AMD, чии цени на акциите, пак, пораснаа за 4,3 отсто. На крилата на тоа, Филаделфискиот индекс на цените на акциите на производителите на акции во средата зајакна за речиси 7 отсто.
Цената на акцијата на Мајкрософт падна за 1 отсто откако објави приход од единицата за вештачка интелигенција што не ги исполни очекувањата на пазарот, додека акциите на Мета пораснаа за 5 отсто по затворањето на пазарот по објавувањето на добри деловни резултати.