Европа најконкурента, САД губи

68

Швајцарија, Сингапур и Финска ја предводат светската ранг листа на најконкурентни земји. И покрај еврокризата, во топ десетте земји се уште доминираат оние од Западна и Северна Европа. Зад Швајцарија и Финска, на четвртото место се наоѓа Шведска, Холандија на петото, Германија остана како и во минатата година на шестото место, а Велика Британија се искачи од десетата на осмата позиција. Бидејќи Шведска и Финска си ги заменија местата, Данска падна од осмото на 12-то место, а Франција од 18-то на 21-то. Австрија успеа да ја подобри позиционираноста од 19-то на 16-то место. Во Јужна Европа е регистриран надолен тренд. Додека Италија го подобри рангирањето со позиционирањето на 42-то место, а Шпанија остана на 36-то место, Португалија падна четири места и се задржа на 49-то место, а Грција шест места и се наоѓа на 96-та позиција.

САД загубија четврти пат по ред и од четвртото место паднаа на седмата позиција. Земјата може и натаму да добива поени со своите иновативни компании, одлични универзитети и најголемиот единствен пазар во светот, но таа покажува дефицит во довербата која економијата ја има во институциите, политиката и стопанската стабилност, открива истражувањето на Светскиот економски форум. (Дојче веле)