Аргета донираше 3.000 евра на Домот за деца без родители 11 Октомври

43

Домот за деца без родители 11 Октомври доби 3.000 евра од брендот Аргета, во соработка со мајките – победнички на предизвикот Мајките одобрија. Хуманитарната акција ги обедини 18-те мајки од Македонија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина и од Косово. Секоја од нив предложи по една хуманитарна организација што се залага за подобра иднина на жените, децата и на семејствата, а македонската јавност најмногу гласови преку фејсбук -страницата му додели на Домот 11 Октомври.

Домот за деца без родители ги поздрави добрите намери на Аргета и на мајките – учеснички и соопштија дека се уште не испланирале на што ќе ги потрошат парите, но секако ќе бидат употребени за подобар живот на дечињата.

“Од моментот кога дознав за хуманитарната акција што ја започнува Аргета, многу се воодушевив и израдував дека и јас како Аргета мајка ќе бидам дел од тој прекрасен проект – да подариме помош онаму каде таа е најпотребна. Тргнав од идејата дека на децата секогаш треба да им помагаме затоа што тие се нашата иднина, па така го предложив Домот за деца без родители од Скопје. Чувството дека сум дел од нешто хумано секој ден се повеќе растеше за на крај да биде избран мојот предлог за донација за што сум многу горда. Им благодарам на Аргета и нејзиниот тим што ја организираа оваа кампања и ми овозможија и мена да бидам дел од неа“, изјави Маја Бошкоска.

Покрај оваа организација, за донацијата се натпреваруваа и СОС Детско село Македонија и Советот за родова рамноправност (СОЖМ).

Дрога Колинска, членка на Атлантик група, која го раководи брендот Аргета, кампањата ја гледа како имплементација на социјалната одговорност кон општеството во кое тие работат. Истовремено, тие им се благодарни на сите што придонесоа да успее кампањата, со тоа што станаа дел од хуманитарната мисија на Аргета – сите мајки, организациите што зедоа учество и гласачите што ја поддржаа заедничката амбиција за подобра иднина.