ЕУ увезува повеќе гас од Русија отколку од САД

86

За прв пат по речиси две години, земјите од Европската унија увезле повеќе природен гас од Русија отколку од САД за еден квартал, покажува новото истражување на пазарот на енергија.
Од април до јуни, Европската унија купила повеќе од 12,7 милијарди кубни метри од Русија и 12,3 милијарди од САД, објави бриселската консултантска фирма Бригел.

Во споредба со првиот квартал од 2024 година, испораките од Русија се благо намалени, но оние од САД поостро паднаа, покажа истражувањето.

Норвешка и натаму е најголемиот снабдувач на гас во ЕУ со 23,9 кубни метри во вториот квартал.

Русија ја задржа таа позиција до инвазијата на Украина во февруари 2022 година, по што многу земји од ЕУ го намалија рускиот увоз, пренесе Сеебиз.