По повеќечасовни преговори, институциите на Европската унија го договорија буџетот за следната година, кој ќе изнесува 135,5 милијарди евра.
Потрошувачка е за околу 6% пониска во однос на потрошувачката за 2013 година.
Со буџетот се предвидени повеќе пари за економски раст, работни места, иновации и за хуманитарна помош, изјави заменик министерот за финансии на Литванија, Алгимантас Римкунас, која во моментов го држи шестмесечното ротирачко претседателство со ЕУ, пишува BBC.
Ќе се зајакнат и агенциите кои се занимаваат со миграција, азил и гранична контрола, како и европските финансиски супервизорски органи.
Како и претходните години, околу две третини од буџетот ќе одат на субвенции за земјоделците и за развојни проекти во посиромашните региони на ЕУ, но трошоците за ваквите проекти се намалени за околу седум милијарди евра.
Договорот беше постигнат по 16 часа преговори, а треба уште да добие конечно одобрување од парламентот и министрите на ЕУ следната недела.