Пад на цените на златото и пченицата

50

Денеска европските берзански индекси се во најголем дел во пад, нафтата поскапе, додека на берзите истовремено паднаа и златото и пченицата.

Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 9:30 часот падна на 19.434,25 поени, британскиот FTSE 100 на 8.318,75 поени, францускиот CAC 40 на 7.744,33 поени, додека московскиот MOEX се искачи на 2.880,3 поени.

Вредноста на американскиот берзански индекс Дау Џонс порасна на 42.313,00 поени пред денешното отворање на берзата во Соединетите Американски Држави, додека индексот S&P 500 падна на 5.738,17 поени, а вредноста на индексот Nasdaq на 18.119,59 поени, пренесува Танјуг. .

Според податоците на берзата, цената на суровата нафта се искачи на 68.928 долари, а на нафтата од типот „брент“ на 72.419 долари.

На отворањето на берзата ТТФ се продаваа европски фјучерси на гас по цена од 38,985 евра за мегават-час.

Цената на златото падна на 2.658,37 долари за унца, а на пченицата на 5,7791 долари за бушел (бушел е еднаков на 27,216 кг).

Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,11638, што е приближно исто како и во петокот.