Турција е блиску до договор со Светска банка за железнички проект за четири милијарди долари

107

Турција е блиску до договор со Светската банка за финансирање на железнички проект вреден четири милијарди долари преку Босфорскиот Теснец, изјави  турскиот министер за транспорт и инфраструктура Абдулкадир Уралоглу.

„Многу сме блиску до финализација“ за дури три милијарди долари, изјави Уралоглу за Блумберг, додавајќи дека техничките детали за пакетот за заем сè уште се преговараат.

Турција најверојатно ќе одржи аукција за изградба на проектот заедно со Светската банка, потенцијално во првите месеци од 2025 година, рече тој.

Според проектот, железницата би го минувала мостот Јавуз Султан Селим, еден од најдолгите и најшироките од ваков вид во светот, кој беше изграден за три милијарди долари  за да ги поврзе европската и азиската страна на Истанбул, пренесува Танјуг.

Според њујоршката агенција, Реџеп Таип Ердоган промовира нов железнички проект како дел од таканаречениот проект за развојен пат од Ирак до Европа.