Европска централна банка: Рапиден раст на банкарските кредити за домаќинствата во еврозоната

17

Во еврозоната во септември е забележан забрзан годишен раст на банкарските кредити на населението, се наведува во извештајот на Европската централна банка (ЕЦБ) објавен денеска за монетарните движења во изминатиот месец. Заемите од банките за домаќинствата во еврозоната во септември се зголемија за 0,7 отсто на годишно ниво, што е забрзано во споредба со августските 0,6 отсто. Ова е најбрзиот годишен раст на кредитите на домаќинствата во еврозоната од октомври 2023 година.

Вкупната вредност на кредитите на компаниите во еврозоната се зголеми за 1,1 отсто на годишно ниво во септември, што е забрзано во однос на августовскиот раст од 0,8 отсто, соопшти ЕЦБ. Како што се наведува, вкупната вредност на кредитите на приватниот сектор е зголемена за 1,6 отсто на годишно ниво.

Вредноста на монетарниот агрегат М3 на вкупните ликвидни средства на еврозоната во септември се зголеми за 3,2 отсто на годишно ниво, додека вредноста на потесниот монетарен агрегат М1, кој ги вклучува парите во оптек и депозитите преку ноќ, падна за 1,2 отсто во споредба до истиот месец минатата година.