Vodafone Турција следниот месец ќе започне производство на сопствени мобилни телефони во турската фабрика Вестел, пишува Хуријет.
Компанијата ќе произведува паметни телефони под Vodafone брендот во погоните на Вестел, во рамките на плановите за зголемување на уделот на пазарот за паметни телефони.
Мобилниот оператор Vodafone, кој во последните четири и пол години во Турција инвестираше 1,8 милијарди долари, планира да ги зголеми своите инвестиции во технолошката инфраструктура, cloud computing и M2M.
Извршниот директор за Vodafone Турција, Ѓокан Огут изјави дека со буџетот наменет за Турција се предвидени инвестиции во покривањето на 3G, 3G брзина и подготовки за 4G.