Понеделник е неработен ден

Министерството за економија и труд соопштува дека, согласно Законот за празниците на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“, бр.21/98 и 18/07), по повод празникот „Свети Климент Охридски”, 8 декември (недела), односно 9 декември (понеделник) 2024 година е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.

Истовремено, Министерството за економија и труд им го честите празникот на граѓаните на Република Северна Македонија коишто го чествуваат и го слават патронот „Свети Климент Охридски”.