Фото: Pexels
На прашањето „Зошто сме зависни од задолжување“, финансискиот новинар Jason Zweig дава одговор во неговата книга „Вашите пари и Вашиот мозок: Како новата наука за невро-економија може да Ви помогне да станете богати“. Zweig проучувал неколку експерименти што го испитувале мозокот на одредени луѓе кога донесувале финансиски одлуки и согласно тоа, тој вели: „Кога позајмуваш пари, не размислуваш за долгорочните последици, туку само за краткорочниот резултат: Имаш повеќе кеш во џебот. Болката што ќе ја доживееш кога ќе треба да платиш, во тој момент – е во иднината, е далечна, е апстрактна.“
Но „болката“ воопшто не е далечна, ни случајно апстрактна, многу брзо задолжениот ќе почне да ја чуствува кога кредиторот ќе почне да си ги бара своите пари. И вистина, многумина доживуваат болни чувства кога ќе увидат дека тој што им се јавува е кредиторот, односно професионална компанија за наплата ангажирана од кредиторот во улога на медијатор, која се обидува да ги наплати фактурите/сметките/ратите влезени во задоцнување.
Позајмените пари не се на позајмувачот, позајмените пари се на тој што ги позајмил и со тоа има апсолутно право да си ги бара назад. За таа цел, телефонските повици од страна на кредиторот, или од страна на професионална компанија за наплата не треба да се игнорираат. Игнорирањето на телефонските повици за наплата нема да доведат долгот да исчезне. Дури и ако се нема пари да се исплати долгот, подобро е за истото да се извести кредиторот, односно медијаторот во процесот на наплата, отколку да се остави телефонот да ѕвони додека не се исклучи т.е. додека не се вклучи говорното сандаче.
Најверојатно, кредиторот, односно професионалната компанија за наплата, се подготвени да изнајдат решение за подмирување на долгот согласно расположливиот буџет на задолжениот. Ако се одговори на телефонскиот повик, се отвора можноста да се изнајде решение за план за отплата до кој задолжениот коректно е да се придржува. На тој начин, и задолжениот ќе почне постепено да го намалува износот на задолжувањето, а и кредиторот т.е. медијаторот нема да се фрустрира и да посегне по други законски дозволени методи за наплата. Дури, ако се има подготвеност целокупната задолженост да се подмири одеднаш, можеби кредиторот ќе биде волен да даде и одреден попуст на износот што треба да му се плати.
Во телефонскиот разговор, одбивањето да се плати со оправдување дека се нема од каде да се пронајдат средства, а при тоа се знае дека доколку се „стегне појасот“, и може да се плати, треба да се избегнува. Секако дека може да се побара верификација на долгот, посебно ако задолжениот навистина не е сигурен дека должи, или се сомнева дека должи. Но барање верификација на долгот кога задолжениот е сигурен дека должи, само го пролонгира времето за исплата.
Долговите не се подобруваат со текот на времето, тие не се како виното. Напротив, со текот на времето, долговите се зголемуваат и со тоа се „влошуваат“.