Минатата година во Европската унија се регистрирани 6,7 милиони комерцијални летови

Европската унија минатата година забележа 6,7 милиони комерцијални летови, што е за 5,8 отсто повеќе од 2023 година, објави денеска Евростат.

И покрај зголемувањето, бројот на летови е помал отколку во периодот пред пандемијата на коронавирус, кога во 2019 година беа регистрирани седум милиони летови.

Нередовните комерцијални летови (чартер летови и други специјални летови) учествуваа со 8,7 отсто од сите летови во 2024 година, а нивниот удел беше најголем во летните месеци – јуни, јули и август.