Во објава на платформата X, Сем Алтман, основач на ChatGPT, ја нарече најновата верзија на DeepSeek импресивен модел.
Сепак, тој нагласува дека OpenAI верува дека поголемата компјутерска моќ е клучот за успехот на нивниот сопствен модел.
Тој рече: „Се разбира, ќе испорачаме многу подобри модели, а исто така е навистина охрабрувачки да имаме нов конкурент! Подготвуваме неколку нови верзии“.
Алтман го направи своето богатство со инвестирање во големи технолошки стартапи како Reddit и Airbnb, пред да го сврти вниманието кон вештачката интелигенција.
Тој го создаде и сè уште го води ChatGPT, кој достигна еден милион корисници за помалку од една недела по лансирањето во 2022 година.
Фото: Facebook