Европските банки очекуваат добри резултати за крајот на 2024 година, можни спојувања оваа година

Европските банки треба да пријават силен раст на профитабилноста за последниот квартал од минатата година, поттикнат од сѐ уште силните кредитни маржи и приходите од инвестициското банкарство.

Сепак, аналитичарите ќе имаат прашања до извршните директори за тоа дали може да се продолжат толку добри времиња, бидејќи сè пониските каматни стапки тешко ќе дозволат повторување на слични резултати оваа година.

Благодарение на добрите профити и цените на акциите на највисоко ниво во последните петнаесет години, директорите на банките изгледаат многу оптимисти, а некои имаат намера да го искористат вишокот готовина за да ги преземат ривалските банки и да го започнат долгоочекуваниот бран на консолидација на европско ниво.