Кина ќе инвестира во нуклеарка во Романија

38

Centrala_Atomica_CernavodaРоманија и Кина вчера потпишаа два договора за соработка во областа на нуклеарната енергија. Премиерите на двете земји, Виктор Понта и Ли Кечијанг, ги потпишаа договорите во Букурешт, каде што кинескиот премиер присуствува на самитот на лидери од Централна и Источна Европа.

Се очекува со договорите China General Nuclear Power Group (CGN) да добие улога во изградбата на новите реактори во Чернавода, единствената централа во Романија.

Романските власти во октомври 2012 година објавија дека CGN е заинтересиран за изградба на два нови реактори во Чернавода, проект што се проценува дека ќе чини повеќе од четири милијарди евра.

Во моментов во Чернавода работат два реактори, кои обезбедуваат околу 17% од електричната енергија во земјата.

Освен во производство на нуклеарна енергија, Кина во Романија ќе инвестира и во производство на енергија добиена од ветерот, како и во брза железница.