Производството на накит во ЕУ забележа раст во 2023 година во споредба со претходната година

Вкупното производство на накит во Европската унија достигна 4,36 милијарди евра во 2023 година, што е зголемување за еден процент во споредба со 4,32 милијарди евра во 2022 година.

Италија беше водечки производител, со производствена вредност од 1,55 милијарди евра во 2023 година, или 36 отсто од вкупното производство на ЕУ. Следува Франција со 1,44 милијарди евра (33 отсто), пред Германија со 507 милиони евра (12 отсто).

Во споредба со 2022 година, најголем релативен пораст на вредноста на производството на накит е забележан во Хрватска (26 отсто), Чешка (25 отсто) и Ирска (20 отсто).

За разлика од нив, најголем пад е забележан во Литванија (36 отсто), Летонија (16 отсто) и Италија (осум отсто).