
Европската централна банка (ЕЦБ) сака да воспостави систем за плаќања базиран на блокчејн кој им овозможува на финансиските институции да ги порамнуваат трансакциите во пари на централната банка.
Најавената промена претставува чекор кон постепено воведување на дигитална валута на централната банка (CBDC), пишува Bloomberg.
„Ова е важен придонес за подобрување на ефикасноста на европските финансиски пазари преку иновации“, рече во денешното соопштение членот на Извршниот одбор на ЕЦБ, Пјеро Чиполоне.











