Европските берзански индекси растат, инвеститорите се надеваат на прекин на огнот во Украина

Европските берзански индекси денеска се главно во пораст, бидејќи преговорите меѓу американските и украинските претставници во Саудиска Арабија завршија со тоа што Украина се согласи на 30-дневен прекин на огнот.
Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека сега е на ред Русија, а по пауза, САД продолжиле да обезбедуваат воена помош за Украина и да споделуваат разузнавачки информации со владата во Киев, пренесува CNBC.

Европската унија претстави контрамерки против американските царини за челик и алуминиум и најави дека ќе воведе одмазднички тарифи за американски стоки во вредност од 26 милијарди долари почнувајќи од април.

Во 13 часот и 30 минути ќе бидат објавени податоците за инфлацијата во САД за февруари, кои ќе ги покажат првите ефекти од политиката на Трамп врз движењето на цените.

Меѓу оние кои денеска ги објавија своите деловни резултати се производителот на автомобили Порше, шпанскиот текстилен гигант Индитекс и производителот на спортска опрема Пума.

Индексот на Франкфуртската берза DAX во 9:30 часот порасна на 22.489,15 поени, британскиот FTSE 100 на 8.513,84 поени, францускиот CAC 40 на 8.007,02 поени, додека московскиот MOEX падна на 3.163,26 поени.

Вредноста на американскиот берзански индекс Dow Jones падна на 41.433,48 поени пред отворањето на берзите во САД денеска, индексот S&P 500 на 5.572,07 поени, а вредноста на Nasdaq индексот на 17.436,10 поени.

Според сегашните берзански податоци, цената на суровата нафта порасна на 66.615 долари, а на нафтата од типот брент на 69.961 долари.

Европските фјучерси на гас за април на отворањето на берзата ТТФ се тргуваа по 41.550 евра за мегават-час.

Цената на златото се искачи на 2.916,30 долари за унца, а на пченицата на 5,4140 долари за бушел (бушел е 27,216 кг).

Вредноста на еврото во однос на доларот на берзата Forex изнесува 1,09112, што е нешто помалку од вторник.