Европските индекси паѓаат, неизвесноста околу царините на Трамп влијае на инвеститорите

Европските берзански индекси денеска се намалуваат бидејќи неизвесноста околу тарифната политика на Трамп ги оптоварува инвеститорите.

Извршниот директор на Goldman Sachs, Дејвид Соломон, рече дека лидерите на големите американски компании сакаат економската политика на администрацијата на Трамп да биде појасна бидејќи „нивото на неизвесност сега е малку повисоко“, објави Fox Business.

Индексот на Франкфуртската берза DAX во 9:30 часот падна на 22.489,50 поени, британскиот FTSE 100 на 8.537,25 поени, францускиот CAC 40 на 7.956,74 поени, а московскиот MOEX на 3.137,11 поени.

Вредноста на американскиот берзански индекс Dow Jones падна на 41.350,93 поени пред отворањето на берзите во САД денеска, додека S&P 500 индексот се искачи на 5.599,30 поени, а вредноста на Nasdaq на 17.648,45 поени.

Според сегашните берзански податоци, цената на суровата нафта порасна на 67.859 долари, а на нафтата од типот брент на 71.135 долари.

Европските фјучерси на гас за април на отворањето на берзата ТТФ се тргуваа по 41,9 евра за мегават-час.

Цената на златото порасна на 2.941,68 долари за унца, а на пченицата на 5,4171 долари за бушел (бушел е 27,216 кг).

Вредноста на еврото во однос на доларот на берзата Forex изнесува 1,08675, што е нешто помалку од средата.