
Голем број германски компании нудат флексибилно работно време за да привлечат работници, се вели во извештајот објавен денеска од Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен и организацијата Рандстат.
Три четвртини од германските компании ја понудија оваа поволност во огласите за вработување, се додава во извештајот.
Компаниите се соочуваат со недостиг на работна сила и квалификувани вработени на пазарот, па затоа треба да бидат привлечни за кандидатите, а флексибилното работно време е клучна предност, коментира Дарија Шалер, претставник на минхенскиот институт.











