ЕБРД вети поддршка за инфраструктурни проекти во Македонија

48

gruevski_Македонија прави одличен напредок во макроекономските показатели, направи многу повеќе од просекот на земјите во Југоисточна Европа, закрепнува подобро отколку земјите во еврозоната, истакна претседателот на Европската банка за обнова и развој, Сума Чакрабарти, по вчерашната средба со премиерот Никола Груевски во седиштето на ЕБРД во Лондон. Претседателот на ЕБРД посочи дека досега во Македонија имаат реализирано една милијарда евра во 60 проекти.

“Оваа година изгледа како добра за инвестиции од 80 милиони евра, а наредната ќе има повеќе за регионални проекти, енергетски и индустриски”, рече Чакрабарти и додаде дека за в година прогнозира раст од 3,2% и силна инвестициска година во инфраструктурни проекти.

Премиерот Груевски истакна дека биле фокусирани на проектите што следуваат во иднина, бидејќи постојните, како што рече, одат добро.

“Најпрво разговаравме за општата економска ситуација во Македонија, за најновите податоци што ги имаме дека растот во првите шест месеци е 3,3%, дека тоа е над сите проекции што претходно беа дадени од сите меѓународни институции и дека тоа е добра ситуација“, изјави Груевски.

Се разговарало за можноста за нова соработка на полето на изградба и реконструкција на патишта, за патиштата Росоман-Прилеп и нов пат Охрид-Пештани, која се проценува како веројатна опција. Исто така станало збор и за можноста за забрзување на финансирањето и изградбата на пругата кон Бугарија и за соработката и динамиката на проектот Бошков Мост, која е веќе договорена. Разгледани се и можностите за учество на ЕБРД во проектот за гасификација, за изградба на секундарата мрежа, исклучувајќи го тој дел до Штип, кој треба да го изгради руската страна и изградба на мрежа од Скопје кон западна Македонија.