Акциите на американските берзи паднаа во очекување на политиката на ФЕД

Американските акции вчера паднаа, бидејќи инвеститорите на берзите чекаат одлука за политиката на американската централна банка Федерални резерви (ФЕД) и опипливи знаци за напредок во разговорите за трговски договори меѓу Соединетите Американски Држави и земјите од целиот свет.

Така, по отворањето на берзата, индексот Дау Џонс изгуби 193 поени или 0,5 проценти од својата вредност, ист процент како и S&P 500, додека Nasdaq падна за 0,6 проценти.

Технолошките гиганти „Нвидија“ и „Мета“ изгубија еден процент и 1,5 проценти од својата вредност, соодветно.