Европските берзи нестабилни, еврото бележи пад

Европските берзански индекси денес се мешани, цените на нафтата и златото паднаа, додека пазарите очекуваат прелиминарни податоци за инфлацијата во Германија, кои ќе бидат објавени во 14:00 часот.
Апелацискиот суд на САД ги врати реципрочните царини на претседателот Доналд Трамп, поништувајќи ја претходната одлука на федералниот суд со која беа прогласени за нелегални, а најновото пресвртување го влоши расположението на пазарот.

Денес во 9:15 часот наутро, индексот DAX на Франкфуртската берза порасна за 0,13 проценти на 24.000,15 поени, лондонскиот FTSE 100 за 0,33 проценти на 8.750,75 поени, додека францускиот CAC 40 падна за 0,22 проценти на 7.760,62 поени, а московскиот MOEX стагнираше на 2.809,75 поени.

Вредноста на американскиот берзански индекс Dow Jones порасна за 0,28 проценти на 42.215,73 поени, индексот S&P 500 за 0,4 проценти на 5.912,17 поени, а вредноста на индексот Nasdaq за 0,39 проценти на 19.175,87 поени.

Европските фјучерси за гас за јули беа продадени на отворањето на берзата TTF по цена од 35,155 евра за мегават-час. Според моменталните податоци од берзата, цената на суровата нафта падна на 60.610 долари, а цената на нафтата Брент на 63.061 долари. Цената на златото падна на 3.294,25 долари за унца, а цената на пченицата се искачи на 5,3774 долари за бушел (еден бушел е еднаков на 27,216 кг).

Вредноста на еврото во однос на доларот на берзата Форекс е 1,13314, што е за 0,33 проценти помалку отколку на почетокот на тргувањето.