Турските брендови со цел да отворат 20.000 продавници ширум светот

44

LC WaikikiТурски брендови имаат за цел да дојдат до бројка од 20.000 продавници во светот до 2023 година, а вредноста на извозот да стигне до 20 милијарди долари, изјави претседателот на Обединетата асоцијација на брендови (БМД), Хисејин Доган, пишува Заман.

БМД, чадор организација за 500 турски брендови, заработува околу 33 милијарди долари годишно. Од брендовите на БМД, 33 веќе имаат 3.000 продавници надвор од Турција и планираат да отворат уште 500 во 2014 година.

Во рамките на владината програма, која има за цел да развие “10 глобални брендови во 10 години” и да се развие свеста за турската стока во странство, неколку турски брендови планираат експанзија, како технолошкиот синџир Vatan Bilgisayar и Bimeks.

Турските компании обично преферираат да одат на пазарите кои им се културно и географски блиски, како што се Ирак, Саудиска Арабија, Казахстан и Иран, Русија и Далечниот Исток.

Засега, најмногу продавници во странство има Flormar (380), потоа следуваат Çilek Mobilya (284), Colin’s (243), Aydınlı Group (141), Koton (100), LC Waikiki (68), Mavi (67), Eren Perakende (77), Jakamen (50) и Yataş (38).