
Tesla повторно е под лупа на пазарните аналитичари, откако беше откриено дека изгубила милијарди долари потенцијална добивка продавајќи 75% од своите резерви на биткоин кога цената паѓаше.
Tesla инвестираше 1,5 милијарди долари во биткоин уште во 2021 година, верувајќи во неговата долгорочна вредност. Сепак, во вториот квартал од 2022 година, бидејќи пазарите беа под притисок од инфлацијата и зголемувањето на каматните стапки, компанијата продаде три четвртини од своите крипто средства кога тие вредеа значително помалку отколку што вредат денес, објави CNBC.
Вредноста на биткоинот се зголеми за дури 80% во изминатата година на повеќе од 120.000 долари, делумно благодарение на поддршката од новата администрација на американскиот претседател Доналд Трамп, која ги либерализираше регулативите и најави создавање стратешки резерви на биткоин