Вештачката интелигенција ќе стане основна бизнис вештина за пет години

Американскиот претприемач и милијардер Марк Кјубан долго време е застапник на вештачката интелигенција (ВИ), но сега гледа реалност во која ВИ ќе стане „основна вештина, како е-пошта или Excel“ за само пет години.

Според него, за сопствениците на бизниси, познавањето на технологиите за ВИ нема да биде предност, туку неопходен услов – а клучот за успех ќе биде во тоа како ја користат. Во одговор на списанието Fortune, Кјубан рече дека за десет години ќе имаме многу повеќе луѓе кои ќе работат за себе, со помош на асистенти за ВИ кои „ќе прават цели тимови од соло основачи“.

„Ако не користите ВИ за побрзо донесување одлуки и попаметно работење – заостанувате“, рече Кјубан.

Марк Кјубан е американски милијардер, инвеститор и основач на неколку успешни компании, најпознат како сопственик на НБА тимот Далас Маверикс и долгогодишен инвеститор во шоуто Shark Tank.
Кјубан е познат по својот иновативен пристап кон технологијата и претприемништвото, а неговите проценки за вештачката интелигенција се релевантни бидејќи доаѓаат од искусен бизнисмен кој успешно ги препознал и ги искористил претходните технолошки бранови.

За него, вештачката интелигенција не е само вештина што секој треба да ја научи, туку и виртуелен член на тимот во кој секој претприемач може да инвестира за да ја изгради својата иднина.

„Вештачката интелигенција не е само алатка, туку лост. Ако не ја користите за да работите побрзо и попаметно – сте во неповолна положба“, истакна Кјубан. „Најуспешните претприемачи ќе бидат оние кои знаат како правилно да ја користат вештачката интелигенција“.

Конечно, Кjубан заклучува:

„Вештачката интелигенција нема да ги замени претприемачите – таа ќе ги оспособи оние кои знаат како да ја користат. Вештачката интелигенција е мултипликатор. Користете ја – но не дозволувајте да ве користи вас.“