
„Големо разочарување“ – вака претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов го опиша денешниот Економско-социјален совет, на кој што побарале 500 евра минимална плата во Македонија.
-Нема изгледи за зголемување на минималната плата. Тоа што го слушнавме внатре е дека ССМ многу бара и дека работниците многу бараат и дека треба да бидеме среќни со тие плати што ги добиваме. Се обидоа да не искараат во Влада дека многу сме барале за работниците. Исто така работодавачите сметаат дека нема простор за зголемување за минималната плата, дека доволно ги плаќаат работниците и дека не се продуктивни. Изгледа работниците во Македонија премногу очекуваат, вели Трендафилов во изјава за медиумите.











