Италијанска ИТ компанија заинтересирана за инвестирање во Македонија

24

pic-3Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски и министерот за странски инвестиции Џери Наумоф се сретнаа со сопственикот на италијанската компанија Df Labs Дарио Форте, чија основна дејност е развивање на нови информатички технологии за заштита на податоци.

Како што соопшти кабинетот на министерот за странски инвестиции, целта на оваа работна посета е претставниците на компанијата поблиску да се запознаат со можностите кои се нудат за инвестирање во оваа област.

Планирано е тие да остварат средба и со претставници на факултетите за информациски технологии со цел да се развие вземна соработка и програма за практично обучување на студентите во оваа компанија.

Министерот Наумоф истакна дека потенцијалот на човечкиот капитал во оваа дејност е голем, потенцирајќи дека Македонија располага со пет факултета за компјутерски науки и информатички технологии и тоа во Скопје, Штип, Битола, Охрид и Тетово кои нудат квалитетни високо образовани кадри кои можат сериозно и одговорно да одговорат на сите предизвици кои ги нуди оваа професија, се вели во соопштението.

Според соопштението на средбата било заклучено дека Македонија брзо напредува во сите сфери на информациските и компјутерските технологии со што станува водечка во регионот, а гостите изразиле подготвеност за инвестирање во земјава.