Еврото посилно во однос на доларот, инвеститорите внимателни

Европските берзански индекси денес се нерамномерни, цените на нафтата и златото паднаа со истовремен пораст на цените на пченицата, додека фокусот на инвеститорите е на трговските преговори меѓу Соединетите Американски Држави и Кина, бидејќи рокот за царинско „примирје“ меѓу Вашингтон и Пекинг истекува на 12 август и засега не е сигурно дека ќе биде продолжено, објавува CNN.

Индексот DAX на Франкфуртската берза падна за 0,11 проценти на 24.164,50 поени денес во 9:30 часот, додека лондонскиот FTSE 100 порасна за 0,29 проценти на 9.123,65 поени, францускиот CAC 40 за 0,05 проценти на 7.746,12 поени, а московскиот MOEX за 1,98 проценти на 2.982,47 поени.

Вредноста на американскиот берзански индекс Дау Џонс порасна за 0,47 проценти на 44.175,61 поени, индексот S&P 500 за 0,78 проценти на 6.389,45 поени, а вредноста на индексот Nasdaq за 0,98 проценти на 21.450,02 поени.

Според моменталните податоци од берзата, цената на суровата нафта падна на 63.240 долари, а цената на нафтата од типот Брент на 66.052 долари.

Цената на златото падна на 3.365,22 долари за унца, а цената на пченицата се искачи на 5,1754 долари за бушел (еден бушел е еднаков на 27,216 кг).

Вредноста на еврото во однос на доларот на берзата Форекс е 1,16602 долари, што е за 0,18 проценти повисока отколку на почетокот на тргувањето.