
Јас би сакал сите работници да земаат не 500, туку 1.000 евра минимална плата, но теренот на кој тоа треба да се договори е Економско-социјалниот совет (ЕСС). Упатувам порака до вистинските синдикалци, да излезат од политичката реторика зашто политичарите од опозицијата ги злоупотребуваат и да зборуваме за вистински синдикални права, рече денеска Премиерот Христијан Мицкоски.
Како што напомена Мицкоски, сè додека нема договор меѓу синдикалците и работодавачите, не може да се носи нов закон, особено не сега, во период на предизбори.
Според премиерот, услугите се клучната причина за раст на инфлацијата. Платата просечно расте 11 отсто на ифлација од 4,5 отсто и нето платата е порасната.
„Јас повикувам на дебата. Ова не е тема што се политизира, туку тема што треба да се дискутира во рамки на институциите. Не е ова тема за политички поени, „аха, види го сега овој, овој е дарежлив, а овој не“. Не е ова таква тема, туку се седнува и се разговара. На последната седница на ЕСС видовме различни ставови кај работодавачите и синдикатите, не но не гледам непремостливи разлики. Во конструктивен разговор ќе се изнајде решение кое ние како Влада ќе го пчитуваме“, изјави Мицкоски.











