Целите на проектот што го реализира секторот за вино при Фондацијата Тиквешки вински пат вклучуваат брендирање на домашната ракија и стандардизација на производството.
Во Кавадарци вчера беа презентирани резултатите од истражувањата во рамки на проектот Унапредување на производството на ракија, како прв чекор во нејзиното брендирање.
Како што рече Дивна Јордановска, директор за вино во Фондацијата Тиквешки вински пат, целта е да се истражи начинот на производство на ракија во домашни услови и да се укаже на грешките со цел нивно надминување.
Во рамки на презентацијата зборуваше и проф. д-р Горан Миланов од Институтот за лозарство и винарство, тим лидер на консултантите во проектот, кој е кофинансиран од Министерството за економија.