Бугарската економија порасна за 3,1 процент на годишно ниво

Во вториот квартал од 2025 година, бугарската економија порасна за 3,1 процент на годишно ниво, со исто темпо како и во првиот квартал, според прелиминарната проценка на Националниот институт за статистика (НСИ).

Кварталниот раст на бугарската економија во вториот квартал од оваа година е 0,7 проценти, што е исто како и на почетокот на годината, објавува порталот „Новините“.

Главен столб на економскиот раст на Бугарија беше домашната побарувачка. Финалната потрошувачка се зголеми за 6,5 проценти во споредба со истиот период во 2024 година, а бруто-инвестициите во фиксен капитал за 6,7 проценти.