Пет имиња, шест години – Cкопски пазар избра раководство за нов шестгодишен период

Скопски пазар АД Скопје објави дека Надзорниот одбор на компанијата донел одлука за реименување на постојните членови на Управниот одбор, поради истекот на нивниот тековен мандат на 25 август 2025 година.

Со новата одлука, актуелните членови на Управниот одбор добиваат нов шестгодишен мандат кој ќе започне на 26 август 2025 година и ќе важи до 2031 година.

  • Младен Дамев – Претседател на Управен одбор
  • Велимир Шиповиќ – Член на Управен одбор
  • Озџан Даут – Член на Управен одбор
  • Арменд Етеми – Член на Управен одбор
  • Бесар Етеми – Член на Управен одбор