
Германските компании имаат потешкотии да најдат квалификувани работници, е заклучокот од извештајот објавен денес од Институтот за економски истражувања IFO од Минхен.
Во јули, 28,1 процент од компаниите изјавиле дека не се во можност да ги пополнат работните места со потребниот персонал, што е мало зголемување во споредба со априлските 27,2 проценти.
„Недостатокот на квалификувана работна сила повторно се зголеми – и покрај слабата економија“, рече Клаус Волрабе, раководител на истражувањето во Минхенскиот институт.











