
Според првата проценка, економијата на Хрватска пораснала за 3,4 проценти на годишно ниво во вториот квартал од 2025 година, што претставува забрзување во споредба со годишниот раст од 2,9 проценти во првиот квартал, објави денес Државниот завод за статистика (ДЗС).
Потрошувачката на домаќинствата во вториот квартал од 2025 година се зголемила за четири проценти на годишно ниво во реални услови, што најмногу влијаело на зголемувањето на прометот од малопродажба и угостителски услуги. Ова е значително подобар резултат отколку во првиот квартал, кога беше регистриран раст од 1,7 проценти.
Бруто фиксните инвестиции скокнаа за 5,2 проценти на годишно ниво, исто така побрзо од 4,5 проценти во првиот квартал од 2025 година, додека владините трошоци беа малку послаби, бидејќи пораснаа за 2,4 проценти на годишно ниво од 5,8 проценти во првиот квартал.











