Руската рубља доби симбол

48

rubljaБанката на Русија избра нов графички симбол за рубљата – кирилично Р, чија вертикална линија е пресечена со хоризонтална црта. Изборот на официјален симбол е дел од напорите да се поттикне употребата на рубљата во меѓународната трговија и да стане интернационално препознатлива. Симболот на рубљата ќе се користи во дизајнирањето на банкноти, а следната година ќе излезе монета од една рубља со новиот национален симбол за валутата, изјави гувернерот Елвира Набиулина.

На одлуката и претходеше расправа на интернет страната на централната банка од 5 ноември до 5 декември, во која граѓаните гласаа за едно од петте понудени решенија. Во гласањето учествувале 280.000 луѓе, а новиот симбол доби 61% од гласовите, многу пред второто решение, кое доби 19% гласови.

Идејата за создавање симбол за рубљата за да им конкурира на знаците за долар, евро и фунта се појави во 1990-тите години. Централната банка соопшти дека била инспирирана од воведувањето на еврото во Европската унија, но Русија во 1998 година мораше да се фокусира на зацврстување на своите финансиски проблеми, па воведувањето на симболот остана за некои други времиња. Претходно рубљата немаше официјален симбол, иако лого слично на новоизбраното беше широко уотребувано во изминатите неколку години.

Симболот ќе се појави и на компјутерската тастатура.