
Европските берзански индекси денес пораснаа, цените на нафтата и златото паднаа, а пазарите полека се опоравија од негативниот сентимент кога загриженоста за фискалните перспективи во главните европски економии ги зголеми приносите од обврзниците.
Приносот на 30-годишната британска државна обврзница се искачи на повеќе од 5,65 проценти, што е највисоко ниво од 1998 година, додека приносот на 30-годишната француска државна обврзница се искачи на 4,5 проценти, што е највисоко ниво во последните 16 години, пред гласањето за недоверба следната недела.
Приносите од американските државни обврзници скокнаа во вторник откако федералниот апелационен суд во петок пресуди дека повеќето од глобалните трговски тарифи што ги наметна претседателот Доналд Трамп се нелегални. Тоа ја зголемува веројатноста дека владата во Вашингтон ќе мора да врати пари што веќе се собрани преку царински давачки, објавија медиумите.
Денес во 9:15 часот наутро, индексот DAX на Франкфуртската берза порасна за 0,25 проценти на 23.548,34 поени, францускиот CAC 40 за 0,35 проценти на 7.680,19 поени, лондонскиот FTSE 100 за 0,02 проценти на 9.118,50 поени, а московскиот MOEX за 0,55 проценти на 2.861,03 поени.
Вредноста на американскиот берзански индекс Dow Jones падна за 0,55 проценти на 45.295,81 поени, вредноста на индексот S&P 500 за 0,69 проценти на 6.415,54 поени, а вредноста на индексот Nasdaq за 0,82 проценти на 21.279,63 поени.
Европските фјучерси за гас за октомври беа продадени на отворањето на берзата TTF по цена од 31.920 евра за мегават-час.
Според моменталните податоци од берзата, цената на суровата нафта падна на 65.382 долари, а цената на нафтата од типот Брент на 68.906 долари.
Цената на златото падна на 3.534,11 долари за унца, а цената на пченицата се искачи на 5,1374 долари за бушел (еден бушел е еднаков на 27,216 кг).
Вредноста на еврото во однос на доларот на берзата Форекс е 1,16304 долари, што е за 0,02 проценти повисока отколку на почетокот на тргувањето.











