Листа на 10-те најпродавани автомобили во Европа

Во првата половина од 2025 година, автомобилската индустрија во Европа е предводена од најголемите светски производители на автомобили.

На прво место е Фолксваген. Германскиот производител продолжува да доминира на пазарот во Европа. Со продажба од 1.801.000 возила, Фолксваген ја одржува својата водечка позиција меѓу производителите. По него следува Стелантис, кој продолжува значително да го зголемува своето присуство. Оваа група, која ги вклучува брендовите како Пежо, Фиат, Опел и Цитроен, забележа значително зголемување на продажбата, достигнувајќи 1.045.000 возила.

На третото место е Рено. Францускиот производител останува меѓу водечките брендови во Европа, со продажба од 704.000 возила.

Хјундаи-Киа забележа продажба од 541.000 автомобили. Корејските производители постепено преземаат сè поголем удел на европскиот пазар. Првите пет ги заокружува БМВ.

Брендот познат по своите луксузни возила продолжува да се снаоѓа добро во Европа. Со продажба од 485.000 автомобили, БМВ одржува висок удел на пазарот на премиум возила.

Тојота е на шестото место. Јапонскиот гигант забележа продажба од 479.000 возила. Мерцедес-Бенц продаде 355 илјади автомобили. Германскиот производител на луксузни возила продолжува да бележи силна продажба и е еден од најпознатите брендови во премиум сегментот. Форд е на осмото место. Американскиот производител продал 257.000 автомобили и одржува стабилна позиција на европскиот пазар, пишува Пословни дневник.

Гили, кинески производител кој станува сè порелевантен на глобалната автомобилска сцена, оствари продажба од 202 илјади автомобили во Европа. Гили, кој е сопственик на брендот Волво, бележи зголемување на интересот за своите автомобили, особено во сегментот на електрични возила. На 10-то место е Нисан. Иако е на самото дно на листата, со продажба од 166 илјади возила, јапонскиот производител сè уште има значително присуство на европскиот пазар.