Фолксваген планира да инвестира една милијарда евра во вештачка интелигенција до 2030 година

Германскиот автомобилски концерн „Фолксваген“ денес објави дека планира да инвестира една милијарда евра во технологии за вештачка интелигенција до 2030 година.

Компанијата има намера да ја интегрира вештачката интелигенција во сите сегменти од своето работење и очекува дека тоа ќе донесе заштеди од четири милијарди евра до 2035 година, пренесува „Ројтерс“.

„За нас, вештачката интелигенција е клучна за поголема брзина, квалитет и конкурентност низ целиот вредносен синџир – од развој до производство на автомобили“, изјави главниот технолошки директор на „Фолксваген“, Хауке Старс.