Европската Унија сè уште купува повеќе од половина од извозот на течен природен гас од Русија

Во периодот од декември 2022 година до крајот на јули 2025 година, Европската Унија купи повеќе од половина од вкупниот извоз на течен природен гас од Русија (51 процент), што ги доведува во прашање најавите на европските претставници дека целосно ќе престанат да увезуваат течен природен гас од Русија до крајот на 2027 година.

Најголеми увозници на руски течен природен гас во Европската Унија беа Франција, Шпанија и Холандија.

Според Центарот за истражување на енергијата и чистиот воздух (CREA), втор најголем купувач на руски течен природен гас во споменатиот период беше Кина со удел од 21 процент, а трета беше Јапонија со 18 проценти.