Швајцарските банки го одбиваат секое трето барање за потрошувачки кредит

Швајцарските банки бележат рекордно висок процент на одбиени барања за потрошувачки кредити од дури 35,5 проценти во 2024 година, објави денес порталот Kreditfergleich, повикувајќи се на податоци од централниот регистар на кредитни информации.

Ова е значително зголемување во споредба со претходната година, кога стапката на одбивање изнесуваше 30,8 проценти, објавува Swissinfo.

Главната причина за одбивањето се проблемите со солвентноста на клиентите кои аплицирале за кредитот, се додава во извештајот.